Темен режим Режим на светлина

„Сити Мол“ и околните улици денеска без вода, струја ќе нема во неколку населени места

Неколку скопски улици денеска без вода Неколку скопски улици денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска (среда), од 07:50 до 15:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од населените места:

– Студеничани, Моране (општина Студеничани)

– Орешани, Таор, Зелениково, Смесница, Тисовица, Дејковец, Добрино, Ново Село, Пакошево и Градовци (општина Зелениково).

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека, денеска (среда), поради замена на затворачи од водоводна мрежа на улица Љубљанска, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Волгоградска, Разловечко Востание, Воденска, Невеска Трифун Бузев, Желево и комплексот Сити Мол (општина Карпош).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Сончево и топло време со температура до 37 степени

Следна објава

Четири македонски екипи ќе бидат активни на првиот ден на турнирот во Струга