Четиричлено семејство пронајдено мртво во Англија, мажот и жената имале убодни рани во вратот

Маж и жена се пронајдени мртви заедно со две девојчиња во куќа во Норфолк, Англија, соопшти тамошната полиција, а пренесува „Скај њуз“. Маж и жена починале од убодни рани во пределот на вратот, додека точната причина за смртта на девојчињата се уште се утврдува, соопшти полицијата.

Во петокот наутро, полициските службеници ги пронашле телата на 45-годишната Бартломеј Кучински и две девојчиња, за кои се верува дека се негови ќерки. Заедно со нив е пронајдено и телото на 36-годишна жена, за која постои сомневање дека била дел од исто семејство.

Потврдено е и дека мажот и жената имаат убодни рани во пределот на вратот, а инспекторите засега не поврзуваат никого надвор од семејството во врска со смртните случаи. Обдукцијата на двете девојчиња ќе биде извршена подоцна.

Инаку, полицијата не излегла веднаш на терен, туку дури откако видела дека од дадената адреса е остварен итен повик, на кој никој не се јавил.

Претходна вестЦУК: Родителот побарал помош за синот кој повеќе не се јавувал откако тргнал на прошетка по Водно
Следна вестНад Тајван регистрирани шест кинески балони