Успешно е евакуирано четиричлено скопско семејство со две малолетни деца кое вчера побарало помош од полицијата откако нивната викендичка била завеана со снег и без електрична енергија.
СВР Тетово информира дека вчера во 12 часот и 40 минути, Б.А.(35) од Скопје пријавил дека поради големи снежни навеви, бил отсечен пристапот до неговата викендичка на Попова Шапка. Во викендичката се наоѓале тој со сопругата и две малолетни деца.
-Поради снежните наноси тие биле се во можност да излезат надвор и да заминат кон Скопје. Б.А., исто така, кажал дека во викендичката немаат електрична енергија и дека веќе немаат резерви од храна и огрев, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата. Во меѓувреме, во координација со локалната самоуправа е ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат, по што лицата со возило на Секторот за внатрешни работи Тетово се пренесени до нивниот дом во Скопје.