Четиригодишно дете паднало во казан каде се подготвувал гулаш, веднаш е хоспитализирано во Белград

Четиригодишно дете паднало во казан со гулаш во неделата на манифестацијата „Гулашијада“ во Баранда.

Со брзата реакција на полицијата тоа било извлечено и пренесено на Универзитетската клиника во Тиршова, каде според последните информации се наоѓа на интензивна нега и е надвор од животна опасност, пренесуваат медиумите во регионот.

Несреќата се случила кога детето возело велосипед по тротоарите, во придружба на неговата баба, и удрило во дрвен столб кој го обезбедувал просторот, односно зелената површина околу местото каде што се одржувал јавниот собир и се готвел гулаш.

Откако удрило во столбот, детето паднало во казанот.

Брзо е пренесено во Здравствениот дом Опово, а подоцна на лекување во Белград.

Претходна вест135 сообраќајни санкции во Скопје
Следна вестСилјановска – Давкова: Сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале