Четворица повредени во две различни сообраќајки во Скопје

Во две сообраќајки несреќи кои попладнево се случиле во Скопје, повредени се четири лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, околу 14:30 на раскрсница од булевар „Србија“ и „Јане Сандански“ се случила сообраќајка во која учествувале „фолксваген“ и „ауди“. Во оваа собраќајка повредени се три лица.

Исто така, друга сообраќајна несреќа се случила околу 14:30 на булевар „В.С. Бато“ помеѓу „шевролет“ и товарно возило „ивеко“. Во оваа собраќајка со повреди се здобил едно лице.

Претходна вестПриведен криминалец баран со потерница
Следна вестМакедонија поразена во првиот натпревар на Европското првенство