Четворица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид – Кичево

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид – Кичево, откако возилото со кое патувале излетало од коловозот. Тројцата од повредените се здобиле со тешки телесни повреди.

– Вчера попладне, во 13.50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селото Требеништа и селото Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот А. З. од село Стрелци, Кичевско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатниците Ќ. С. (56), Ф. З. (22) и Ф. З. (46), сите од с. Стрелци, а возачот добил телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и во Општата болница во Охрид, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.

Претходна вестНовинарка од „Индепендент“ воодушевена од Охрид: Дестинација богата со историја, исполнета со нијанси
Следна вестАрсовска и Мазнева не дојдоа на седница на Советот на Скопје, ѓубрето веќе не било проблем по градот