Четворицата осомничени за упадот во М-НАВ добија мерки на претпазливост

Јавното обвинителство бараше притвор но судија на претходна постапака при Основниот кривичен суд Скопје синоќа им изрече мерки на претпазливост на четворицата осомничени за завчерашниот упад во зградата на Македонската навигација.

Тие добиле забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, а одземени им се патните исправи односно има забрана за нивно издавање. Меѓу мерките за претпазливост кои им се изречени е и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против четири лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 став 2 вв со член 22 од Кривичниот законик, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се определуваат мерки за претпазливост, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно вечерва соопшти дека е отворена истражна постапка против осумте лица за вчерашниот упад во Македонската навигација. Тие, како што информира Обвинителството, се товарат се кривичното дело загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај, за кое е предвидена затворска казна од најмаку 5 години.

Упадот во Македонска навигација се случи завчера попладне непосредно по прес-конференцијата на лидерот на Струковиот синдикат на контролорите на летање, Александар Тасевски, на која тој информира дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување. Непознати лица упаднале во М-НАВ, заедно со еден од вработените нападнале други тројца вработени.

Претходна вестПроменливо облачно со умерен ветер
Следна вестДенес е Бадник, предвесникот на Христовото раѓање