Чиј збор е последен за руските вакцини, на Филипче или на Заев?

Ќе се направи проценка дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина против ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, и откри дека вчера тим на Министерството за здравство имал состанок со надлежната компанија по прашање на стручните анализи.

Филипче ова го изјави денеска во Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се набавуваат и други вакцини освен „Фајзер“, кинеската на „Синофарм“ и оние што ќе ги добиеме преку механизмот Ковакс.

Неговата изјава остава простор дека можеби во земјава ќе добиеме и дози од руската вакцина „Спутиник 5“, нешто што вчера индиректно го исклучи како можност премиерот Зоран Заев.

Заев, одговарајќи на новинарско прашање, зошто се игнорираат понудите за руската вакцина, рече дека не се работи за игнорирање, туку дека се води грижа да не се набават премногу вакцини, бидејќи земјава досега нарачала доволно.

Филипче денеска рече дека до крајот на месецов се очекува да стигнат сите договорени дози со што процесот на вакцинација би продолжил во следните фази.

Тој рече дека досега 95.000 граѓани се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари,  од кои, 44.000 се на возраст над 70 години со хронични болести.

Претходна вест„Сплотени во победа“, иницијаторите за вонреден конгрес на ВМРО-ДПММЕ бараат отчет од Мицкоски
Следна вестВо Кавадарци, Прилеп и Охрид новиот британски сој се пренесувал на прослави и собири