Во присуство на високи функционери на партијата и Владата, пред два, на отворањето на штабот на ДУИ во Чаир, членови и симпатизери славеа пукајќи со огнено оружје. Ваквото дело е законски казниво, како прекршочно: заради нарушување на јавниот ред и мир, така и кривично: за предизвикување на општа опасност. Од Министерството за внатрешни работи за дел од медиумите велат до сега никој не поднел пријава. Прашањето е зарем треба некој да поднесе пријава постојат дури и снимки на медиумите каде јасно се гледа и слуша се?
И ова не е се. Се пукаше и на митинг во Желино пред неколку дена.
-До МВР досега не е пријавено за ниту еден од двата случаи. Но, по објавата на видеото, министерството анализира и работи на расчистување на случајот, по што ќе следуваат санкции велат од МВР.
Пукањето ДУИ го практикува со години. И за време на парламентарните избори, лани во јули, откако лидерот на партијата, Али Ахмети прогласи победа, следуваше рафално пукање со огнено оружје.
Пред неколку години се водеа сериозни дебати и кампањи за спречување на пукањето на свадбените веселби, токму заради фактот што се случуваа и жртви од залутани куршуми. За членовите и симпатизерите на ДУИ кои пукаа на последните два настана, како и претходни години, не слушнавме дека некој одговарал. А веќе не постојат ниту кампањи против користење на оружје во вакви и слични ситуации.