Човечки фактор најверојатна причина за пожарот кај Беровското езеро

Причина за вчерашниот пожар кај Беровското езеро најверојатно е човечки фактор, покажуваат првичните неофицијални информации. Според сознанијата, истрагата се врти околу информацијата дека еден турист активирал петарда во обид да убие змија.

Пожарот избивнал вчера околу 14:30 часот во близина на туристичкиот комплекс „Аурора“ крај Беровското Езеро. Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, изјави во огнената стихија е опожарена површина од околу пет декари. Пожарникарите интервенирале со две возила, една цистерна и возило „бремач“. Во гаснењето учествуваа четворица пожарникари на кои помош им пружија и вработени во комплексот, како и туристи.

Претходна вестПолицискиот час синоќа го прекршиле 70 лица
Следна вестВучиќ нема да го потпише закон за истополови заедници