Чудо: Македонскиот пасош и без „Северна“ помоќен од американскиот

Индексот за пасоши објави податоци за новите најмоќни пасоши во светот. Македонскиот пасош е рангиран на 16-тата позиција со што станува помоќен дури и од американскиот кој е на дваесет и првото место.

-Според Мерит системот на светската организација. Од регионот, Словенечкиот пасош е на петто место, Хрватскиот на осмо , Романија и Бугарија се на деветтото место , Србија е на 14 место, Црна Гора на 18 а Босанскиот на деветнаесетта позиција.

Со македонскиот пасош без виза може да се влезе во 62 земји во светот. Не е извесно колку ќе биде влијателен кога ќе му го накалемат на корицата и „Северна“, што неодамна го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата.

Инаку, Пасошот на Нов Зеланд е прогласен за најмоќен а по него следуваат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска , Јужна Кореа, Јапонија и Австралија сите со оценка 128 и го делат второто место.

 

 

Претходна вестОд 12 октомври влез во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР-тест
Следна вестПо пет кражби полицијата фати двајца крадци, еден е 17-годишник