Ципрас бара избори поради скандалот со прислушувањата

Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, денеска соопштил дека ќе отсуствуваат од гласањата во Парламентот и уште еднаш го повикал актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис веднаш да распише избори, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Ципрас, поради скандалот со прислушувањата, побарал Парламентот веднаш да се распушти и да се одржат избори за најмалку три седмици, согласно грчкиот Устав.

Паралелно, на денешната прес-конференција објаснил дека пратениците на СИРИЗА ќе отсуствуваат од сите гласања и парламентарни процедури за евентуални нови закони.

Претходна вестМалолетник праќал ексциплитно видео од својата малолетна девојка на други лица
Следна вест„Кралицата на небото“ заминува во историјата