Црковна Софија признава автокефалност но не и името на МПЦ-ОА, поглаварот Стефан ќе го вика „архиепископ скопски“

Признавање на томосот за автокефалност доделен од страна на Српската православна црква но не и името Македонска православна црква – Охридска архиепископија и титулата архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан. Ваква одлука, според бугарските медиуми, ја донел Синодот на Бугарската православна црква на својата последна седница под претседателството на бугарскиот патријарх Неофит.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според овие написи, Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија”.

Според медиумите, бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси на Божик ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како „архиепископ скопски Стефан”, бидејќи БПЦ „не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ”.

Бугарскиот црковен сајт doxologiainfonews.com наведува дека Синодот на БПЦ го оспорува името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бидејќи според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија”. Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија”, затоа што „според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија”.

Според медиумите, бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси на Божик ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како „архиепископ скопски Стефан”, бидејќи БПЦ „не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ”.

Бугарскиот црковен сајт doxologiainfonews.com наведува дека Синодот на БПЦ го оспорува името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бидејќи според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија”.

На заседанието на Синодот, не било разгледано прашањето за признавање на автокефалноста на Православната црква на Украина доделена од Вселенската патријаршија.

Медиуми во Софија ги критикуваат ваквите ставови на членовите на Синодот на БПЦ оценувајќи дека тие најверојатно се усвоени под влијание на раководителот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот волоколамски Антониј, кој минатата недела престојувал во посета на Софија и неколку епархии во Бугарија. Според овие написи, митрополитот волоколамски Антониј воедно на неколку митрополити од бугарскиот Синод „им дал инструкции” да не ја признаваат Православната црква на Украина и томосот за нејзина автокефалност издаден од вселенскиот патријарх Вартоломеј. Се очекува Бугарската патријаршија да излезе со официјално соопштение за заседанието на Синодот и за донесените одлуки.

Инаку, по одлуката на Вселенската патријаршија за примање во канонско единство на МПЦ-ОА, БПЦ во јуни годинава реши да ја признае нашата Црква и да влезе во канонско единство со неа.

Сајтот doxologiainfonews.com го означува томосот на Српската православан црква како „лажен“ бидејќи автокефалноста може да ја додели само Вселенската патриајршија.

-Сите томоси за автокефалност за нови цркви се доделуваат од Вселенската патријаршија. Ако поглавар на локална црква издаде таков томос, тој нема канонска врендост за Православните Цркви, се наведува во веста.

Претходна вестМеси покажа кој е кој во светскиот фудбал
Следна вестЗемјотрес во Битола