Меси покажа кој е кој во светскиот фудбал

Кој е најдобар фудбалер во светот? Ова е прашање на кое многумина веќе го знаат одговорот, а тој се потврди и синоќа.

Аргентина се пласира во финале на Мундијалот во Катар, откако синоќа ја победи Хрватска со 3-0. Најзаслужен за победата беше еден од најдобрите играчи во историјата на светскиот фудбал Лионел Меси. Тој постигна еден гол, а асистираше за уште еден против Хрватска.

-Знам дека не бевме главни фаворити, но знам дека бевме спремни да не се предадеме. Аргентина е во финале, треба сите да уживаме. Не знам дали го играм најдоброто Светско првенство или не ама знам дека уживам како што не сум уживал долго време. Ќе дадеме се од себе во финалето, изјави Меси.

Аргентинскиoт фудбалер потврди дека ова е неговото последно Светското првенство.

– Ова е моето последно Светско првенство. Импресивно е да се игра во финалето. Има уште многу години до следниот турнир и сигурно е дека нема да бидам на него, изјави 35-годишниот Лионел Меси.

Последно Светско првенство е и за капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ кој ја честиташе победата на Аргентина и го спомена Меси.

– Се надевам дека Лионел Меси ќе ја освои титулата на ова Светско првенство. Тој е најдобар играч во историјата и го заслужува тоа, изјави Модриќ.

Долго ќе се раскажува синоќешниот дуел и настап на Меси кој со дриблинзите ги „излуде“ инаку солидните одбранбени играчи на Хрватска.

Претходна вестМеси треба да учи дриблинзи од македонските министри
Следна вестЦрковна Софија признава автокефалност но не и името на МПЦ-ОА, поглаварот Стефан ќе го вика „архиепископ скопски“