До Црвена Младина пристигна информација дека ректорската управа на УКИМ сериозно дискутира и најавува дупло покачување на партиципацијата за додипломски, постдипломски и докторски студии за сите новозапишани студенти“, вели преку соопштение, младинското движење на политичката партија Левица.
– Како што не известуваат студентите, веќе на одредени факултети им најавиле дека цената за партиципација за државна квота на додипломски студии би изнесувала 200 до 400 евра, наместо досегашните 100, а за приватна квота од 400 до 800 евра.
Заложбите на Левица и Црвена Младина во однос на ова прашање се јасни и концизни: бесплатно образование за сите, без скриени трошоци!
На ректорската управа на УКИМ им најавуваме – сон нема да имате, ако ова го изгласате!! Студенти, младино, спремете се за борба – ова нема да помине, велат од Црвена Младина.