ЦУК: 1.894 повици за итни случаи на 112, неколку пожари во населени места, а пожари на отворено нема

Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за управување со кризи, од вкупниот број 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 37,33%, а 62,67% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Според распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 58,14% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 32,95%, пожарникарите биле упатени 3,88%, а кон АМСМ 0,39%. Кон Центарот за управување со кризи имало 4,65% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 62,67%, неитни повици“ (вкупно заедно 1.119) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола, во период од 16:00 до 16:50 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено патничко моторно возило на ул.„Борис Буџевски“ бр.1 и дека во период од 14:00 до 17:00 часот, 2 пожарникара со 1 пумпа интервенирале на испумпување на вода од подрумот на хотел „Театар“ во Битола.

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 09:15 до 09:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на опожарено патничко моторно возило кај спортската сала Билјанини Извори.

РЦУК – Куманово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка, во период од 22:39 до 23.45 часот, интервенирале на запален оџак од станбена зграда во близина на ООУ „Јоаким Крчовски“. Во гаснењето на пожарот интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило.

Претходна вестПолицијата во Лос Анџелес лови сериски убиец кој убива бездомници
Следна вестУправата за јавни приходи го одбележа денот на даночните обврзници