Полицијата во Лос Анџелес лови сериски убиец кој убива бездомници

Полицијата во Лос Анџелес лови потенцијален сериски убиец откако тројца бездомници беа убиени во одделни инциденти, пишува „Скај њуз“.

Убиствата се случија меѓу 26 и 29 ноември, а градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, вчера ги предупреди бездомниците кои спијат на отворено да се обидат да не бидат сами во текот на вечерта.

Полицијата објави снимка од надзорните камери на кои се гледа осомничениот. Тој е опишан како човек облечен во дуксер со качулка, кој можеби вози автомобил со темна боја.

„Воспоставена е специјална полициска работна група за да се открие идентитетот на потенцијалниот сериски убиец во нашата заедница“, изјави началникот на полицијата во Лос Анџелес, Мишел Мур.

Убиствата се слични – сите три се случиле во раните утрински часови и сите жртви биле бездомници.

Претходна вестВечерва е ждрепката за ЕУРО 2024
Следна вестЦУК: 1.894 повици за итни случаи на 112, неколку пожари во населени места, а пожари на отворено нема