ЦУК: Гореа две диви депонии во Желино и во Боговиње

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 701 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 57,26 отсто, а 42,74 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

-Имало два пожари на отворен простор во последното деноноќие, при што гореле диви депонии. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово, вчера, во период од 18.00 до 19.30 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена дива депонија во атар на с.Церово, Општина Желино. Од 19.50 часот започнал пожар на дива депонија над расторанот „Дарданија“ кај на с.Боговиње, во Општина Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно ПП возило и еден ренџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарот бил локализиран, се наведува во информацијата.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Претходна вестМицкоски: Актуелната власт донесе цикличен артаноиден хибриден режим
Следна вестПочина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп