Мост надвозник кај Визбегово претставува опасност по граѓаните поради својата нестабилност, предупредија денеска Центарот за управување со кризи. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов по денешната обиколка на надвозникот рече дека надлежните институции се уште не одговараат на нивните повици за интервенција.
-Можната нестабилност на мостот како и парчињата бетон кои висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него но уште повеќе за тие што се движат под него. Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста сеуште не е отстранета, истакна Ангелов.
Тој потенцираше дека денеска повторно јавно ги повикува надлежните институции да реагираат, медиумите да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112.