ЦУК: Нема пријавени пожари на отворено во последното деноноќие, 1.849 повици на 112

Во последното деноноќие нема пријавено пожари на отворено, а имало вкупно 1. 849 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК потсетуваат дека е потребно редовно чистење на оџаците и на локалните одводни канали. Апелираат да не се пали вегетација на отворено. Во последното деноноќие од вкупно 1.

849 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, „реални“ повици биле 44,35, а 55,65 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 62,76 отсто, кон итната медицинска помош 33,47, а кон пожарникарите 2,10 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Претходна вестМрме распали по Милевски: Неинтелегентниот не можеш да го поразиш со аргументи
Следна вестСеднувајте пред телевизорот: Серијалот „Кичево – Охрид“ доби нови епизоди, ќе трае до крајот на 2026 година