Предупредување да се одбегнува престој на отворен простор во попладневните чесови издаде денеска Центарот за управување со кризи.
-Внимателно во природа попладне, најавени се локални изолирани поројни врнежи со громови и молњи. Препорачливо е при такви случаи да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, се наведува во соопштението на ЦУК.
Во инфорамцијата се наведува дека при прошетките во природа може граѓаните да имаат случај да се сретнат со змии и дека можат дури и да бидат гризнати од влекачите.
-Во таков случај и после права самопомош, е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Ако змијата е отровна, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се добие и медицински третман, се наведува во соопштението.
Се додава дека шШест пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во: Општина Сарај, кај с. Лака (горела дива депонија); Општина Карпош, во реон на средно Нерези (ѓубриште); Општина Кичево кај с. Колари (стрниште и ѓубриште); Општина Велес, близу с. Ногаевци (ниска вегетација); Општина Куманово; кај Градски гробишта покрај ул. „Перо Чичо“ (ниска вегетација) и во Општина Струмица во полето кај с. Баница (гореле дива депонија, трска и ниска вегетација).