„Д Фестивал“ на 22 август со македонски артисти, без камп и со безбедносни мерки

Print

Организаторите на „Д Фестивал“ ја објавија програмата со македонски артисти за овогодинешното фестивалско издание во Дојран, кое поради кризната состојба и безбедносните мерки ќе биде скратено на еден ден – 22 август.

„Д Фестивал“ ќе се одржува само на главната бина која е распространета на 10.000 квадратни метри, а капацитетот ќе биде ограничен на само 30%.

Се дружиме со бендот кој го отвори првиот Д Фестивал – банда инструментале Суперхикс, претставниците на независната музичка сцена во регионот Bernays Propaganda, гордоста на домашниот андерграунд хип-хоп LD Pistolero, предводниците на трап звукот Donplaya, Bon Praskiza, Prince$$ Donatsu и за прв пат во Дојран, симпатиите на новата генерација Pluto’s Doubts!, соопштуваат организаторите.

Меѓу другото, објавија дека скоро сите артисти што требаше да настапуваат за ова издание – потврдени се за 2021 година.

Организаторите потенцираат дека со месеци работат и се подготвуваат да овозможат безбедна атмосфера за посетителите. Носењето на маски, дезинфекција на рацете, одржување на физичко растојание од 1,5 метри и мерењето температура се задолжителни за сите. Редарите ќе имаат право да го отстранат секој поединец кој не ги почитува мерките.

Кампот годинава нема да биде отворен. Поради безбедносни причини нема да има ниту „Church Stage“, програма „Lake Awake“, а и „ПлоштАрт“ е презакажан за 2021.

Првиот контигент на билети кој традиционално се нарекува Ран корморан е веќе во продажба по промотивна цена од 800 денари. Акцијата ќе трае до истекот на количините.

Повеќе информации, често поставувани прашања за билети, сцени, програма и рефундации можат да се видат ТУКА.

 

 

Претходна вестЗа два дена казнети 216 лица кои на плажа во Охрид биле без маска
Следна вестВо последните 24 часа 139 заразени со Ковид-19 и шест починати лица