Младинскиот културен центар и вечерва ги отвора вратите за љубителите на театарот, па после синоќешната успешна изведба и вечерва игра претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“.
Режисер на претставата е Билјана Радиноска. Во претставата играат Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска.
Од МКЦ информираат дека претставата ќе биде реализирана по соодветен протокол, почитувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Претставата, како што посочуваат, не е наменета за лица под 16 години. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk .