Маж од Гостивар бил измамен вчера од скопјанец на кого му дал околу 2.000 евра, со ветување од него дека ќе добие одредени производи. Откако ги дал парите производите не му биле доставени.
– Вчера, во 16.30 часот, во СВР Тетово 56-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од лице од Скопје, кое му се претставило како бизнисмен и му понудило производи во вредност од 2.000 евра, извести СВР Тетово. Откако телефонски се договориле, пријавителот преку такси-возило му ги испратил парите, но производите не му биле доставени по што увидел дека е измамен, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.