Дали британскиот сој е виновен за зголемениот број заразени?

Анализата на примероци во лабораторијата во МАНУтреба да покажат колкав процент од новите вкупно дијагностицирани случаи со корона вирус го имаат британскиоот вид. Резултатите ќе бидат познати следната недела.

Последната анализа беше дека се работи за околу 50 проценти, што е зголемување во однос на оние 20 отсто од претходно.

Според министерот за здравство Венко Филипче зголемувањето на бројот на регистрирани заразени може да е резултат на британската мутација, но исто така и на непочитување на мерките.

-Гледате времето е убаво, луѓето се надвор, не се почитуваат мерките, изјави денеска Филипче.

Тој не ја исклучува опцијата за други локални или пошироки мерки, но не сега.

Претходна вестШилегов е среќен со новите имиња на улиците, а скопјани ќе бидат среќни со нови улици
Следна вестЗапочнува првата фаза од пописот, што стана со барањата на опозицијата?