Дали и водата ќе ни стане луксуз? Досега Регулаторна не одредила нова цена, ама…

Се зголемија цените буквално на сите режиски трошоци. Сите сметки кои ни стигнуваат секој месец, сега не можат да се платат со сумата од домашните буџети што за нив сме ја одвојувале до минатиот месец, туку сега е двојно поголема. До овој момент не се зголемени сметките единствено за вода, односно „Водовод“.

Од претпријатието велат дека не размислуваат да ја зголемат цената, но со нагласување „засега“. Дали тоа значи дека наскоро и цената на водата ќе отиде во плафон, особено знаејќи ги состојбите на јавните комунални претпријатија ширум Македонија кои тонат во долгови? Пред неколку дена тие испратија барање до Владата преку Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, за да им помогне да испливаат од долговите.

Што ќе преземе Владата не е познато, она што е сигурно до овој момент е дека претпријатијата не побарале од Регулаторна комисија, која ја одредува цената на водата, да ја зголеми. Но ако останат без помош од Владата, прашање е дали претпријатијата ќе имаат сила да издржат, без да се зголемат сметките за вода.

 

Претходна вестПроменливо време денеска, од утре опаѓање на температурите
Следна вестТрагедија во Хрватска: Најмалку тројца загинати во судир на патнички и товарен воз