Променливо време денеска, од утре опаѓање на температурите

Денеска и утре не очекува променливо време. Ќе преовладува облачноста, а на места се очекуваат и поројни дождови, грмежи и засилен ветер. Максималната температура денеска во Скопје ќе стигне до 29 степен.

Локално, на ниво на Македонија, ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Утре и во понеделник се очекува опаѓање на температурите заради засилен северозападен ветер.

Претходна вестМалолетните со цистична фиброза ќе се лекуваат на Детска клиника, а полнолетните на Пулмологија
Следна вестДали и водата ќе ни стане луксуз? Досега Регулаторна не одредила нова цена, ама…