Денеска стигна оваа вест од полицијата: Двајца скопјани вчера биле уапсени – кај нив пронашла марихуна, едниот криел и дома.
Вчера веста беше дека се уапсени други лица исто така за марихуана.
Пред тоа беше актуелна (и се уште е) големата кражба на двa тони марихуана од струмичко и наоѓањето на делот околу 233 килограми во скопско Арачиново.
И така, ни стана навика да слушаме како марихуаната се шета низ Македонија. Препродажбата, одгледување, ширењето, се поголем број на корисници на оваа опојно растение веќе стана секојдневние во Скопје и во други градови.
Воедно и последните анкети покажуваат дека се шири бројот на корисниците на разни дроги посебно меѓу младите ученици – средношколци.
Полицијата уверува дека се бори против зачестеното присуство на марихуана на улиците. Сепак скопјани на социјалните мрежи велат дека добиваат впечаток дека марихуаната по градот ја има повеќе отколку што го има градското зеленило!?
Сето ова мора одново да ги загрижи сите. Проблемот со употребата на дрогите не е од вчера во градот, но очигледно е дека овој проблем е далеку од искоренување. Присутноста на дрогите меѓу младите одново укажува дека сите кои можат да придонесат во борбата против дрогите мора да делуваат уште посилно – полицијата на планот на откривањето, семејствата, школите и други институции на планот на превентивата. Само така може да се запре несаканата појава.