Голем напредок: Шумската полиција по 12 години чекање доби чизми

Конечно припадниците на Шумската полиција по 12 години чекање добија чизми кои им се неопходни за да си ја вршат работата. Идната година ќе добиеле и униформи. Имено, на денешниот настан по овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа најави дека најдоцна до март 2021 година Шумската полиција ќе добие и нови летни и зимски униформи.

Освен ова, на вчерашната владина седница била усвоена Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку Колективниот договор на овластените службени лица во Шумската полиција, со што по 22 години на шумските полицајци ќе им се зголемат платите и правата.

-Чизмите во наредните денови ќе се дистрибуираат до сите шумски полициски станици. За нивна набавка се искористени 2,5 милиони денари од над десетте милиони колку што чини набавката заедно со униформите. Ние само ја спроведуваме нашата законска обврска која подразбира да се обезбедат сите услови за здравје и безбедност при работа на нашите вработени. Шумската полиција своите работни задачи ги извршува на терен и затоа е клучно да има соодветна лична заштита согласно ЕУ стандардите и меѓународните  прописи. Набавените чизми се токму такви, потенцира министерот.

Претходна вестПриведни двајца скопјани, им пронашле марихуана, едниот криел и дома
Следна вестДали марихуаната ќе стане поприсутна од тревата во скопското зеленило?