Приведни двајца скопјани, им пронашле марихуана, едниот криел и дома

Двајца скопјани вчера биле уапсени од страна на полицијата која кај нив пронашла марихуна.

-На 10.12.2020  во 20.40 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на крстосницата село Петровец – село Долно Коњари од слобода се лишени М.Д.(33) и Д.М.М.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед кај нив е пронајдена марихуана. По преземени мерки и согласно наредба од Основен кривичен суд Скопје, во текот на ноќва (11.12.2020) извршен е претрес во домот на Д.М.М. при што е пронајдена и одземена марихуана, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Претходна вестКазнети 243 возачи во Скопје, пак многумина без возачки дозволи, пак…
Следна вестГолем напредок: Шумската полиција по 12 години чекање доби чизми