Казнети 243 возачи во Скопје, пак многумина без возачки дозволи, пак…

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопшти денеска МВР.

-Меѓу нив за возење без возачка дозвола изречена е 21 санкција, 16 мерки за нерегистрирани возила, 9 санкции за користење на мобилен телефон, 60 мерки за непрописно паркирани возила, 45 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска, се наведува во соопштението. 

За жал ваквите бројки се секојдневни и нема знак дека се намалуваат. Скопјани преку социјалните мрежи апелираат полицијата да биде уште понастолчива во решавање на скопскиот сообраќаен хаос.

Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестКога Заев, но и ЕУ, ќе ни покажат дека навистина се за демократија, принципи и човекови права?
Следна вестПриведни двајца скопјани, им пронашле марихуана, едниот криел и дома