Дали властодршците имаат вградено филтри на плуќа па не се грижат за смогот?

Шест пати над дозволеното или 326 микрограми на метар кубен ПМ10 беа измерени доцна синоќа во Лисиче, а во текот на денот 247 или 5 пати над дозволеното. Жителите веќе се во паника и гласно алармираат не само по социјалните мрежи, туку и со соодветни поднесоци до надлежните институции. Во продолжение е само едно од писмата што стигна до „Скопско ехо“од наш редовен читател.

– Се обративме и кај градоначалникот на Аеродром Златко Марин, кој наместо да ни обезбеди квалитетни бесплатни заштитни маски – кога веќе не прави ништо за почист воздух – купи метларки за чистење улици. Се обративме и до Министерството за животна средина… Едно големо ништо од секаде. Се додека не разбереме дека ние граѓаните сме само гласачко тело за овие ликови, ќе ни ги прават истите работи. Се прашувам дали вие властодршци имате вградено некакви филтри во вашите плуќи оти вака комотно и безгрижно си се однесувате? Ако е така дојдете кај мене во двор, во Лисиче, преку ден, на само еден час, да вдишете од мојот воздух, само за да видите за што зборувам, стои во повикот испратен од Наум С. од споменатата населба.

Утрово најзагадено повторно е Лисиче со 147, но и Центар со 137 миктограми на метар кубен од отровните ПМ10 честички.

Претходна вест1.288 новозаразени од вирусот, починаа 39 лица
Следна вестЕротско ТВ поп шоу или танцова пракса : перформансот „Скринсејвер“ вечерва во МКЦ