Дамјан Давков ја направи Македонија единствена земја која има златен медал со максимален број на поени на Балканската математичка олимпијада

Голем успех постигна Македонската репрезентација на Јуниорската балканската математичка олимпијада 2023, информира денеска Сојузот на математичарите на Македонија.

-На 27 ма Јуниорска балканска математичка олимпијада, Македонија е единствената земја која освои златен медал со максимален број на поени. Златниот медал го освои Дамјан Давков. Покрај златниот медал, освоени се еден сребрен медал, од Ивано Божиновски и еден бронзен медал од Андрија Младеновиќ. На ЈБМО 2023 државата успешно ја претставија уште Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ. Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше Македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов, се наведува во соопштението.

Лидерите на тимот беа Никола велов и Петар Филиповски.

Сојузот се забалагодари на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески, Лука Хаџи Јорданов, проф. д-р Мирко Петрушевски, Виктор Симјаноски и претседателот на комисијата за ЈММО и меѓународни натпревари до 15,5 години проф. д-р Делчо Лешковски, кои заедно со нив учествуваа во подготовките на тимот.

 

Претходна вестМицкоски од Брисел: Испративме порака дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа никаков договор под бугарски диктат
Следна вестВо Германија лани се доселиле 1.462.000 лица