Темен режим Режим на светлина

Во Германија лани се доселиле 1.462.000 лица

Во 2022 година, во Германија имало за 1.462.000 повеќе лица кои имигрирале отколку што емигрирале, а најголемиот број, околу 1,1 милион, се државјани на Украина, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика. Германија минатата година регистрирала најголем прилив на население од војната, а најголем број имигранти се бегалци од Украина, објави денеска Државниот завод за статистика во Визбаден.

Забележлив пораст на имиграцијата повторно е забележан од Сирија (68.000), Авганистан (55.000) и Турција (49.000).

Истовремено, забавена е имиграцијата од земјите на Европската унија. Најголем број странци од Европската унија во 2022 година пристигнале од Романија (35.000), Полска (18.000) и Бугарија (13.000).

Последната статистика покажува и зголемена миграција во самата Германија.

Најголем прилив на жители е забележан во сојузната покраина Бранденбург, каде што 14.000 лица се преселиле од Берлин (кој е опкружен со Бранденбург), што е поврзано со се повисоките цени на становите во Берлин.

Кога станува збор за преселба во странство, германските граѓани најчесто ги избираат Швајцарија, Австрија и САД.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дамјан Давков ја направи Македонија единствена земја која има златен медал со максимален број на поени на Балканската математичка олимпијада

Следна објава

„Плати на пријател“ само со телефонски број – Нова опција во мБанка на Комерцијална банка