Шведската полиција дозволи денеска да се одржи мал протест пред џамијата во Стокхолм, на кој организаторите ќе го искинат и запалат Куранот. Ова може дополнително да го комплицира обидот на Шведска за влез во НАТО, пишува „Ројтерс“, но постои и опасност од големи протести во земајта.
Серијата протести во Шведска против исламот и за правата на Курдите ги зголемија тензиите со Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на НАТО.
Претходно, шведската полиција одби неколку барања за протести против Куранот, но судовите ги укинаа тие одлуки тврдејќи дека ја нарушуваат заштитената слобода на говорот.
Полицијата објави дека иако тоа „може да има надворешнополитички последици“, безбедносните ризици и последици поврзани со палењето на Куранот не се од таква природа што барањето треба да се одбие.
Според полицијата во Стокхолм, на протестите се очекува да учествуваат само две лица, вклучително и организаторот Салван Момика, кој во едно неодамнешно интервју за весник се опиша себеси како ирачки бегалец, кој сака да го забрани Куранот.
Неколку арапски земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан и Кувајт, го осудија палењето на Куранот во јануари. Турската амбасада во Стокхолм не беше достапна за коментар.





