Темен режим Режим на светлина

Стејт департментoт: Одлуката на Косово за прогласување терористичките организации е донесена без координација со САД

Владата на Косово не ја донесе одлуката за прогласување на терористички организации „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ во координација со Соединетите Држави и другите меѓународни партнери, се вели во одговорот на Стејт департментот за „Радио Слободна Европа“. Овие две организации Косово вчера ги прогласи за терористички.

– Оваа одлука требаше да биде координирана од најблиските меѓународни партнери на Косово, вклучително и оние кои имаат примарна одговорност да ја обезбедат стабилноста на Косово. Повторно го повикуваме Косово да се воздржи од еднострани чекори додека работиме со страните за решавање на актуелната криза, се вели во одговорот на Стејт департментот за „Радио Слободна Европа“.

Ова е во спротивност со изјавата на Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља кој синоќа изјави дека Приштина ја координирала одлуката со меѓународните партнери.

Косовската влада вчера ги прогласи за терористички организации „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“, објаснувајќи дека претставуваат сериозна и директна закана за уставниот поредок и безбедноста на Косово.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Крушево седма година се организира фестивалот „Кога во Крушево“ (When In Krusevo)“

Следна објава

Полска и Унгарија го блокираа усвојувањето на заклучок за миграцијата на ЕУ