Драматичнo во Франција: Демонстранти го запалија базенот што се гради за Олимписките игри, горат и автобуси…

Демонстрантите во Франција, кои четири дена по ред протестираат по убиството на 17-годишник од страна на полицаец, вчера го запалија Центарот за водни спортови на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

Судејќи според снимките објавени на социјалните мрежи, демонстрантите го запалија базенот, кој се’ уште е во изградба.

Пожарот се проширил на блиската автобуска станица, каде се уништени 12 автобуси.

На 28 јуни избувнаа протести во неколку француски градови, откако еден ден претходно полицаец застрела тинејџер (17) од алжирско и мароканско потекло.

Демонстрантите започнаа пожари веќе првата вечер, палејќи корпи за отпадоци и автомобили, а имаше и напади врз полицијата, која потоа употреби солзавец.

Само за време на синоќешниот протест низ земјата беа распоредени 45.000 полицајци и жандарми.

Во градот Кламар, полициски час е на сила од 29 јуни, додека на некои места градскиот превоз не сообраќа по 19 часот.

Претходна вестАлармантно: Се намалува наталитетот, се зголемува иселувањето, константна е само незаинтересираноста на власта
Следна вестКазни за 258 возачи, 18 немале дозвола, 16 зборувале на мобилен, седуммина поминале на црвено…