Серија земјотреси ја погодија јужна Италија – најсилниот со јачина од 4.4 степени

Серија земјотреси, од кои најсилниот беше 4,4 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погодија јужниот дел на Италија.

Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри.

Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени и бил почувствуван во Неапол.

Претходна вестДенес гласаат болните, изнемоштените и затворениците, пред утрешното прегласување
Следна вестЖРК Ѓорче Петров го освои трофејот во ракометниот Куп