Темен режим Режим на светлина

Казни за 258 возачи, 18 немале дозвола, 16 зборувале на мобилен, седуммина поминале на црвено…

Сообраќајната полиција вчера санкционира вкупно 258 возачи поради најразлични сообраќајни прекршоци на скопските сообраќајници.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, 16 за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, осум за прекршоци од моторцикли…, се наведува во соопштението.

Од МВР соопштија дека се изречени се и седум санкции за минување на  црвено светло, три санкции за управување возило под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Драматичнo во Франција: Демонстранти го запалија базенот што се гради за Олимписките игри, горат и автобуси...

Следна објава

Убаво: Општина Центар подели 150 пакети со храна и средства за хигиена на социјално загрозени семејства