Темен режим Режим на светлина

Багер прегази и усмрти жена на улица „Јордан Мијалков“ во Центар

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска претпладне во централното подрачје на Скопје при што загина една жена. Според информациите, 66-годишна жена загина откако во неа удрил багер на улицата „Јордан Мијалков“ во центарот на Скопје. Несреќата се случила кога 42-годишниот багеристот кој управувал со градежната машина багер удрил во жената, која од повредите по целото тело починала на самото место. Минувачите велат дека глетката била страшна.

Истрагата треба да покаже која била причината што багерот ја прегазил жената која била на пешачкиот премин. За несреќата потврдија и од МВР кој велат возачот е приведен и со него се извршил разговор, по што ќе се знае причината како дошло до несреќата.

– Во 11 часот денеска било пријавено дека работно возило, градежна машина – багер, управувано од И.А., на возраст од 42 години, од селото Грчец, скопско, удрило во 66-годишната Л.Ј. од Скопје, која починала на местото на несреќата, појаснуваат од МВР за МИА.

На местото на несреќата бил извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Според првичните сознанија, незгодата се случила откако багер прегази жена.

Жената починала на лице место.

Полицијата врши увид на терен.

Улицата „Јордан Мијалков“, поранешна „Железничка“, е една од најпрометните во скопската општина Центар. Во нејзина непосредна близина е градилиштето на подземната сообраќајница и на станбено-деловен комплекс поради што често минуваат градежните возила.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Девојче прегазено во Шуто Оризари, почина на пат кон болница

Следна објава

Бутелскиот градоначалник Костовски: Советник од Алтернатива ми се закани со зборовите „ако продолжиш вака ќе ти се скрши вратот“