Темен режим Режим на светлина

Силно невреме го зафати Скопје

Силно невреме проследено со интензивни поројни врнежи, грмежи и ветер попладнево околу 15.30 минути го зафати скопското подрачје. Над градот се црни градоносни облаци од кои врне интензивен дожд од кој на улиците се создава големо количество на вода. Истовремено, се слушаат силни грмежи на небото.

Ваквото невреме беше и најавено од страна на Управата за хидрометеоролошки работи. Синоптичките карти покажуваат дека темните облаци на скопското подрачје пристигнуваат од полошкиот регион.

Во денешната прогноза беше наведено дека попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, прогнозираа метeоролозите.

Од Центар за управување со кризи изјавувата дека веќе се забележани и првите штети од невремето – кај Транспортниот центар има паднато неколку дрвја. На скопското подрачје има повеќе критични точки коишто при секое пгоолемо невреме се поплавуваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Националната мрежа против насилство врз жени: Институциите целосно да го истражат случајот со самоубиството на младата радовишанка

Следна објава

Последици од силното невреме во скопско: Паднати дрвја, оштетени коли, потопени улици...