Клиника за кардиологија: Имаше вода само во една просторија, немаше поплава

Во вчерашното невреме само се појавила вода во една од просториите и немаше никаква поплава како што беше објавено, соопшти вчера Клиниката за кардиологија. Оваа здравствена установа реагира на објавените информации дека салите за ангиографија се поплавени.

-Во врска со изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени, УК за кардиологија ги демантира изнесените наводи. УК за кардиологија ве известува дека се има појавено вода во една од просториите и дека се е во најдобар ред и направени се итни интервенции, и салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи, пишува во соопштението од УК за Кардиологија.

Претходно од Центарот за управување со кризи информираа дека до ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории.

-До ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција, соопшти ЦУК

Претходна вестНа врвот на Водно жена со две малолетни деца побарала помош, помогнаа ЦУК и армиски тим
Следна вестОрганизираниот урбанистички криминал ги прави најголемите штети во Скопје