Темен режим Режим на светлина

На врвот на Водно жена со две малолетни деца побарала помош, помогнаа ЦУК и армиски тим

Успешна интервенција синоќа имаа Центар за управување со кризи и екипата на македонската Армија откако добиле пријава дека жена со две деца не можат да се вратат од врвот на Водно.

Синоќа во 20.03 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош: жена со две малолетни деца, заради тоа што задоцниле да се вратат и немале и не знаеле друг начин за да се симнат надолу кон Средно Водно, а жичницата повеќе не работела и мракот веќе не им дозволувал да се движат безбедно.

-Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш било стапено во контакт со одговорното лице од ЈСП „Скопје“ и е добиена информација дека жичарата веке е затворена и дека не може повторно да се активира.

Потоа, дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации.

Согласно ситуацијата, а и можности за помош, по куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје. Конкретно, со службен џип на Армијата, којшто бил во околината, тие биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно, соопшти ЦУК.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Повторно нестабилно: Ќе се менуваат сонцето, поројни дождови, грмежи...

Следна објава

Клиника за кардиологија: Имаше вода само во една просторија, немаше поплава