Темен режим Режим на светлина

Девојче прегазено во Шуто Оризари, почина на пат кон болница

Малолетно девојче почина на пат кон болница по удар од автомобил на улицата „Метохиска“, Шуто Оризари.

Како што објави МВР, несреќата се случила вчера.

-Вчера во Скопје на улицата Метохиска патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка.  Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала, соопштија од полицијата.

Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт.

Извршен бил увид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Османи: Уставните измени ќе се достават во Собранието откако ќе се исцрпат сите можности за консензус

Следна објава

Багер прегази и усмрти жена на улица „Јордан Мијалков“ во Центар