Темен режим Режим на светлина

Убаво: Општина Центар подели 150 пакети со храна и средства за хигиена на социјално загрозени семејства

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар. Социјалните пакети се поделени заедно со претставници од невладината организација „Банка за храна на Македонија“.

-Хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“ продолжува да се реализира во континуитет и е секоја година добредојдена за нашите сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик на сиромаштија. Верувам дека истата ќе придонесе кон подобрување на нивната сигурност и благосостојба со првична помош и поддршка за задоволување на основните животни потреби – рече Герасимовски.

Општина Центар апелира и до останатите компании да се приклучат со донации и да ја поддржат хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“со цел да им се помогне на најранливата категорија граѓани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Казни за 258 возачи, 18 немале дозвола, 16 зборувале на мобилен, седуммина поминале на црвено...

Следна објава

У18: Македонските кошаркарки поразени од Холандија на стартот на ЕП во Софија