Женската јуниорска репрезентација на Македонија со пораз го започна своето учество на Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години. Селекцијата на Холандија беше подобар противник, тоа особено се однесува за второто полувреме, во кое и го скршија отпорот на нашиот јуниорски состав.
Македонските кошаркари на полувреме имаа негатива од седум поени (26:19), но противничките предноста ја направија во третата четвртина, ја добија со 18-7. Најефикасна во македонските редови беше Марија Николов со 11 поени. Модева реализираше осум поени, седум имаше Николиќ, а по пет Милованова и Начевска.
На вториот натпреварувачки ден на Европското првенство во Софија Македонија е слободна. По ден пауза, на 2. јули, од 19.30 часот, следува дуелот со селекцијата на Исланд.




