Темен режим Режим на светлина

Ангеловски нов спортски директор на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер потврди дека поранешниот македонски ракометар, Бранислав Ангеловски е нов спортски директор на македонскиот шампион, заменувајќи го Димитар Митревски, кој се повлекува поради приватни причини.

Митревски го предводеше Пелистер до титула од Суперлигата и до два Суперкупа на Македонија, враќајќи сјај на битолскиот клуб по долга пауза.

46-годишниот Ангеловски е поранешен ракометар на Пелистер и на македонската репрезентација, а настапуваше и за Вардар, Металург, ако и за Загреб, Винтертур, Тулуз и Констанца.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Природата не ни дала нафта, но не награди со големи количества чиста вода, дали доволно ја чуваме?

Делови од Гази Баба утре без вода

Следна објава

Семафор му паднал врз главата на повозрасен кумановец