Темен режим Режим на светлина

„Комити“ во акција за Вардар за 24 часа собраа преку 500.000 денари

За нешто повеќе од 24 часа, собрани се повеќе од 500 000 денари, од акцијата за продажба на членски карти за натпревари на ФК „Вардар“, соопшти денеска навивачката група „Комити“. Навивачите ја започнале акцијата за продажба на сезонски билети за натпревари со цел да му помогнат на нашиот најтрофеен македонски клуб Вардар кој е во тешка материјална состојба. Сезонските билети се продаваат по цена од 1.000 денари.

-Денот го започнуваме со одлична вест. За нешто повеќе од 24 часа, собрани се повеќе од 500.000 денари, од акцијата за продажба на членски карти. Радува фактот што, се поголем број на навивачи, ја препознаваат важноста на акцијата и моментот. Купи членска карта, и не дозволувај твоето место на стадионот, да остане празно!, објавика „Комити“ на својата Фејсбук-страница.

„Комитите“ неодамна соопштија дека целта е да се соберат околу 500 илјади евра со продажбата на билетите, а со тоа би се овозможило нормално функционирање на „Вардар“ во Првата лига.

– Ние сме инволвирани во битката за спас на Вардар веќе три години. Вардар е „клуб на народот“ и народот има право да знае што се случува во Вардар. Во првата акција која ја имавме пред две години, тогаш продадовме 33.381 билет и тоа беше најуспешната акција со која успеавме Вардар да го оставиме во живот. Сметката на клубот е блокирана од 2018-та година, а сега започнавме нова акција за спас и потребна ни е поддршка од народот, соопштија „Комитите“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Максим Димитриевски повикан во МВР на информативен разговор, имало анонимна пријава

Следна објава

Три лица повредени во сообраќајка на патот Скопје – Велес