Проблемот со снабдување со електрична енергија во селото Слупчане денеска ќе биде решен, а сите граѓани треба д аплаќаат за потрошената електрична енергија,изјави денеска Крешник Бектеши, министер за економија. Во изјавата за медиумите за настанатиот проблем во Слупчане каде граѓаните не им дозволуваат простап на екинпите на ЕВН, тој рече дека Министерството за економија се ангажира да се намалат загубите на електрична енергија во делот на пренос и дистрибуција и во делот на кражбите кои ги има.
-Јас лично сум вклучен во овој процес и сакам да им порачам на сите граѓани дека електрична енергија мора да се плаќа насекаде. Како што беше и случајот со Арачиново и со други населени места, секој граѓанин треба да плати за потрошената струја, така функционира и пазарна економија и регулирана економија, бидејќи цената на струјата на електричната енергија е регулирана во нашата земја, рече тој.
Бектеши додаде дека разговарал со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи дека ситуацијата во Слупчане ќе биде решена и екипите на Електродистрибуција ќе може непречено да работат на отстранување на дефектите и надградба на дистрибутивната мрежа.
-Разговарав со градоначалникот Арифи, кој заврши одлична работа, колку што имам информација, разговараше со сите населени места, ако треба да помогнеме како Министерство за економија ќе помогнеме, за да излеземе во пресрет на жителите не само во Слупчане туку и во другите населени место. Но морам уште еднаш да кажам дека сите граѓани имаат обврска да плаќаат за потрошената електрична енергија, кажа Бектеши.




