Семафор му паднал врз главата на повозрасен кумановец

Вчеравечер во кумановската полиција, жител на градот пријавил дека на крстосница, врз него паднал семафор, соопшти МВР.
– На 03.07.2023 во 19.45 часот во СВР Куманово, Ј.П.(62) од Куманово пријавил дека на крстосница помеѓу булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „Тоде Мендол“, врз него паднал светлосен сообраќаен знак – семафор, велат од полицијата.

Случајот е документиран и известена е надлежната институција.

Претходна вестАнгеловски нов спортски директор на Еурофарм Пелистер
Следна вестЖена од Крушопек ранета од залутан куршум